Голманот на Интер, Андре Онана (26), објави дека повеќе нема да настапува за репрезентацијата на Камерун.
Непосредно пред дуелот против Србија, селекторот Ригоберт Сонг реши да го отстрани од тимот првиот голман Андреа Онана поради недисциплина, но деталите се уште не се познати.
Веднаш по тој напревар, Онана, си замина од Катар и не ебеш дел од тимот кој го победи Бразил во последното коло, во Г-групата.
Одличниот голман најави дека повеќе нема да биде дел од националниот тим.
„Се започна од Нгола Нкок, мало село во Камерун, кога бев многу млад и моите родители ми ги пренесоа вредностите на камерунскиот народ. Сфатив дека љубовта кон татковината е вечна. Се сеќавам дека ги гледав натпреварите во Камерун со моето семејство, само нашите луѓе можат да разберат што значи за нас да се биде дел од „Лавовите“. За жал, секоја приказна, дури и да е добра, има крај. На мојата во репрезентацијата на Камерун и додеј крајот. Играчите доаѓаат и си одат, но Камерун е нешто многу повеќе. Моето срце останува камерунско и каде и да одам ќе го држам подигнато нашето знаме. Ќе продолжам да бидам навивач како што прават повеќе од 27 милиони Камерунци на секој натпревар. Им благодарам на сите што веруваа во мене, напиша Онана.
Во 2016 година, Онана дебитираше кај селекторот Хуго Брос. Голот на Камерун го бранеше во 36 натпревари.