Наполи успеа да стигне до победа од 2:1 против Удинезе откако направи пресврт во второто полувреме. Двоен стрелец за „наполитанците“ беше Виктор Осимен во 52. и во 63.минута, а Удинезе поведе со голот на Жерар Делофеу во 22.минута. Во финишот, Удинезе остана и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Пабло Мари.
Елиф Елмас влезе во 88.минута во тимот на Наполи, Илија Несторовски остана на клупата за резерви.
Наполи сега се израмни бодовно со Милан на врвот на табелата во Серија А со по 63 бода.