Top Sport

Судот му ја укина казната на Нејмар – Фудбалерот „заштеди“ три милиони долари

Бразилскиот суд ја укина казната од околу три милиони долари изречена на фудбалската ѕвезда Нејмар, за изградба на вештачко езеро на неговиот имот на 130 километри од Рио без дозвола.

Пресудата, во која увид имаше агенцијата АФП, ја донесе судијката Адријана Рамос де Мело, која го цитираше извештајот на државната агенција за заштита на животната средина ИНЕА, во која се вели дека проектот не бара никаква еколошка дозвола.

„Бидејќи бараните казни изнесуваат милиони долари, континуираното барање за нивно плаќање ќе предизвика значителна, непропорционална, па дури и незаконска штета на Нејмар“, рече судијката.

Градскиот совет на Мангаратибе му нареди на бразилскиот фудбалер да плати четири казни во вкупна вредност од 16 милиони бразилски реали (3,3 милиони долари) за нарушување на животната средина со изградба на вештачко езеро во вилата на фудбалерот.

Scroll to Top