Top Sport

Основачот на Спотифај ќе го купува Арсенал за 1,8 милијарди фунти

Основачот на Спотифај, Даниел Ек, подготвил понуда за купување на Арсенал од семејството Кронке. Ек, имал намера да го купи клубот за 1,8 милијарди фунти.

„Скај спорт“, пренесува дека Ек добил поддршка од навивачите и неколкумина легендарни фудбалери на Арсенал.

Идејата на Ек ја поздравија Тиери Анри, Патрик Виера и Денис Беркамп.

„Тој не контактираше, ни кажа дека сака да го врати Арсенал на победничките патеки, дека сака да го врари исчезнатиот ДНК на клубот. Во раководните структури нема луѓе на Арсенал, тоа е најголемиот проблем. Ек ги известил и навивачите за своите намери. Ќе биде ова долга борба, Даниел нема да се откаже од намерата да го купи клубот“, рекол најдобриот играч во историјата на Арсенал, Тиери Анри.

Scroll to Top