Наполи потврдија дека голманот Давид Оспина се врати дома откако ја помина ноќта во болница по страшниот инцидент на неделниот меч против Удинезе.
Оспина доби удар во главата на почетокот на мечот од Серија А кој Наполи го доби со 4:2, и четириесетина минути подоцна колабираше на теренот, предизвикувајќи паника кај неговите соиграчи. Сепак, откако му беа направени прегледи вчера, беше утврдено дека тој не ја загубил свеста и дека нема повреди на главата.
„Давид Оспина беше пуштен од болницата ’Пинета гранде’, каде што вчера вечерта беше однесен на серија тестови и посети на специјалисти. Сите тестови се негативни и нема икакви проблеми, така што тој доби совет да паузира неколку дена и нема да оди со колумбиската репрезентација“, се вели во соопштението на Наполи.
На Оспина му паднал притисокот, ќе остане една вечер во болница (видео)