Top Sport

Пред 26 години, Дејо и „росонерите“ ги понижија Каталонците (видео)

Во едно од најзабележителните финалиња од Лигата на шампионите, пред точно 26 години (18 мај 1994 година), Дејан Савичевиќ и Милан ги „растурија“ Барселона со 4:0 во грчката престолнина Атина, не дозволувајќи Каталонците да стигнат до втора европска титули во три години.

Барса беа апсолутни доминатори во Шпанија, освојувајќи ја четвртата титула во низа, додека Милан беа мали аутсајдери бидејќи Марко ван Бастен, Франко Барези и Алесандро Костакурта беа отсутни од првиот состав. Фабио Капело и Јохан Кројф ги изненадија сите што не ги пуштија браќата Брајан и Михаел Лаудруп во игра.

Црногорскиот „гениј“ Савичевиќ веднаш успеа да го најде Даниеле Масаро за рано водство, а пред полувремето, Роберто Донадони повторно го пронајде Масаро за 2:0 водство.

Веќе во 47. минута, Савичевиќ постигна еден од најдобрите голови во историјата на Лигата на шампионите, лобувајќи го Андони Зубизарета за да го одлучи победникот на мечот. Марсел Десаи ги постави конечните 4:0.

Scroll to Top