Top Sport

Реал Мадрид го купува новото бразилско фудбалско чудо

Реал Мадрид ги победи другите фудбалски гиганти во трката за ангажмнан на младиот бразилски напаѓач Ендрик.

„ЕСПН“ потврди дека се е готово и дека младиот напаѓач на Палмеирас ќе се пресели во Реал Мадрид за 60 милиони евра и дополнителни 12 преку одредени бонуси.

Ендрик е најталентираниот Бразилец, има само 16 години, но со месеци е цел на европските гиганти.

Ендрик игра како централен напаѓач, а веќе настапува за првиот тим на Палмеирас. Оваа сезона постигна девет гола и забележа една асистенција и покажа дека веќе е на пат кон ѕвездите.

Извесно е дека Ендрик ќе остане во Палмеирас до 2024 година, а во Мадрид ќе се пресели дури кога ќе наполни 18 години.

Ендрик е роден на 21 јули 2006 година и е убедливо најплатениот 16-годишник во историјата на фудбалот, а погледнете зошто…

Scroll to Top