Фудбалската репрезентација на Аргентина денес ќе ги одмери силите со Ирак во пријателски натпревар.
Аргентинците и на оваа средба ќе ги предводи Лионел Скалони, кој се уште фигурира како вршител на должноста селектор на репрезентацијата. На теренот ќе го нема Лионел Меси, кој по Светското првенство реши да одмори од репрезентативните натпревари.
Составот со кој Аргентинците ќе започнат против Ирак е помалку чуден, со оглед на она што навивачите имаа можност да го гледаат изминатите неколку години.
Вечерва од 19:45 часот, Скалони дуелот против Ирак ќе го започне со следните 11:
Ромеро (Манчестер јунајтед) – Бустос (Индепендиенте), Пецела (Фиорентина), Фунес Мори (Виљареал), Акуња (Спортинг Лисабон) – Паредес (Зенит), Меза (Индепендиенте), Васкез (Севилја) – Дибала (Јувентус), Мартинез (ИНтер), Де Паул (Удинезе).