Саутемптон стигна до шокантна 1:0 победа на Манчестер сити, откако Че Адамс го постигна својот прв гол во Премиер лигата од над 30 метри користејќи ја грешката на голманот на „граѓаните“, Едерсон за славна победа.
Саутемптон го пречекаа на својот „Сент Мерис“ мотивираниот тим на Сити, кој во претходното коло ги „растури“ Ливерпул со 4:0, но мечот доби поинаков правец по случката во 16. минута, кога Адамс дојде до топката по грешката на средниот ред на тимот на Пеп Гвардиола, и упати фантастичен удар за да го измами излезениот Едерсон за неочекувано водство.
Иако Сити доминираа во поседот на топката и во нападот, не успеаја да ја пробијат одбраната на „светците“, кои запишаа три поени за да се искачат на 13. место на табелата. Сити останува втор со 66 поени, осум пред Лестер, но загрижувачки ова е дури деветти пораз на „граѓаните“ во 2019/20 – Арсенал, Манчестер јунајтед и Вулверхемптон имаат помалку порази отколку тимот на Пеп.
Imagine this is your first Prem goal. Take a bow Che Adams pic.twitter.com/AAoknEsm6t
— FUT 94 (@FUT_1994) July 5, 2020