Top Sport

Ова не се промашува, Мотинг мислел дека е во офсајд (Видео)

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Ерик-Максим Чупо-Мотинг, откако против Стразбург го промаши невозможното, рекол дека целата ситуација се одвивала брзо.

Камерунецот го спречи својот соиграч Нкунку да постигне гол, сопирајќи ја топката на гол-линијата. Поради што стана предмет на различни шеги на социјалните мрежи.

Многумина се со став дека она што го направи Чупо-Мотинг е најголемото промашување во историјата на фудбалот.

„Прво мислев дека Нкунку ќе ми асистира, но тој шутираше . Противнички играч влезе со лизгашки старт и мислев дека ќе го блокира ударот, меѓутоа топката помина, а јас помислив дека можеби бил офсајд. Се се одвиваше многу брзо. ја допрев топката и завршив некако во мрежата…Жал ми е“, рекол напаѓачот на ПСЖ.

Инаку, Чупо-Мотинг го постигна првиот гол на мечот против Старзбург кој заврши со резултат 2:2.

Scroll to Top