Месут Озил повторно е во центарот на вниманието во Германија и повторно поради не-фудбалски причини, односно поради пријателството со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Озил пред минатогодишното Светско првенство беше на мета на германските медиуми по фотографијата на која заедно со репрезентативниот колега Илкај Гундоган се фотографира со турскиот претседател Ердоган, а по неславниот настап на Мундијалот во Русија, Озил се повлече од репрезентацијата поради расизам, велејќи дека „кога победував бев Германец, кога губев, бев имигрант“.
Сега, тој повторно ги разгоре страстите, откако според таблоидот „Билд“ не само што го поканил Ердоган на својата свадба со Амине Ѓулше, туку и побарал тој да му биде кум при средбата на аеродромот во Истанбул.
Германскиот политичар со турско потекло, Џем Оздемир ја осуди одлуката на Озил.
„Секој има право да покани кого сака на својата свадба, и тоа сигурно се однесува и за Месут Озил. Но, поранешен и активен репрезентативец претставува пример за сите и тој треба да се запраша дали го прави тоа. Дали ќе поддржуваат автократи кои се богатат на сметка на својата земја и ги ставаат незадоволните во затвори да исчезнат“, изјави Оздемир.
Nationalspieler haben auch im Ruhestand Vorbildfunktion. @MesutOzil1088 muss sich fragen, ob er dieser noch gerecht wird, wenn er sich so von einem Despoten politisch missbrauchen lässt. Gilt übrigens auch für @LMatthaeus10 und sein Erinnerungsfoto mit Putin. https://t.co/TvoIJlYxor
— Cem Özdemir (@cem_oezdemir) March 16, 2019