Поранешната ѕвезда на Арсенал, Месут Озил го пофали својот поранешен соиграч, Букајо Сака за своите перформанси со Англија на Светското првенство во Катар, порачувајќи му дека иднината е пред него.
21-годишниот Сака беше еден од најдобрите англиски фудбалери при 2:1 поразот од Франција, откако над него беше направен првиот фаул по кој Хери Кејн постигна гол од пенал.
„Не мора да се чувствувате засрамено, Англија. Силен меч против актуелните светски шампиони, одлична обрана против Мбапе и компанијата. Но, Франција секогаш е ефективна. Одличен меч на мојот брат, Букајо Сака, иднината е пред тебе“, напиша Озил.
You don't need to feel ashamed Team England. 🏴
A strong performance against the current World Champion, good defending against Mbappe & Co., but France very effective as always.
Great game from my brother @BukayoSaka87 – the future belongs to you ❤️ #ENGFRA #FIFAWorldCup— Mesut Özil (@M10) December 10, 2022