Top Sport

Озил во одбрана на Кристијано: Не знам од каде постојаната негативност

Месут Озил застана во јавна одбрана на неговиот поранешен соиграч, Месут Озил, кој тврди дека медиумите неправедно прават „постојана негативност“ околу Португалецот.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“, прво беше критикуван за слабата форма во Манчестер јунајтед, со кои неславно се раздели по бурното интервју кај Пирс Морган, а критиките продолжија и на СП во Катар, каде што тој беше „пратен“ на клупата во осминафиналето против Швајцарија поради гестот кој го направи кон селекторот Фернандо Сантош. Ова е несомнено, најтешкиот период во блескавата кариера на 37-годишниот Роналдо, кој играше со Озил од 2010 до 2013 во Реал Мадрид.

„Навистина не сфаќам од каде оваа постојана негативност во печатот кон Кристијано. Медиумите се обидуваат да добијат кликови, а стручњаците кои веќе немаат кариера само сакаат да добијат внимание од ова големо име и да го направат да изгледа лошо. Тој има речиси 38 години, така што не знам зошто се изненадени што не дава 50 гола по сезона. Секој фудбалски навивач треба да биде среќен што го виде како игра врвен фудбал 20 години. Не верувам дека некој од новата генерација ќе ги стигне неговите бројки. Тој секогш ќе биде во сопствена категорија. Сите треба да покажат малку повеќе респект за еден од најголемите во историјата на спортот“, вели Озил.

Scroll to Top