Top Sport

Палмеирас влегува во трката за потписот на Кавани

Бразилскиот великан, Палмеирас, се вклучува во трката за потписот на Единсон Кавани. Договорот на 34-годишниот фудбалер со Манчестер јунајтед истекува по завршувањето на сезоната.

Палмеирас ќе има голема конкуренција во обидот да го обезбеди потписот на Уругваецот. Се шпекулира дека Реал и Барселона сакаат да го видат во своите редови, додека од лани за него се интересира Бока јуниорс.

Кавани е играч на Манчестер јунајтед од 2020 година. За „црвените ѓаволи“ одиграл 47 натпревари, постигнал 18 голови и забележал шест асистенции.

Scroll to Top