Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев во интервју за специјализираниот фудбалски портал „goal. com“ зборува за трансферот во Интер, Црвена звезда, репрезентацијата на поранешната држава.
Панчев зборува и за Лионел Меси и Кристијано Роналдо и новната доминација во последните 15 години. Најпрвин тој ги споредил Португалецот и Аргентинецот.
„Роналдо е подобар стрелец од Меси, од друга страна пак Меси е покреативен играч, со поголемо чувство за играта“, рекол Панчев и дополнил.
„Секој што го следи фудбалот во последните 20-30 години може јасно да ја препознае разликата и да забележи дека во мое време, некаде до 2005 година, играчите не беа толку заштитени како што се сега. денес играњето фудбале пред се е големо задоволство, мачинот на одбрана е сменет. Нема грубост во дуелите, полесно се постигнуваат голови“, заклучил Панчев.