Лацио ја продолжи победничката серија во италијанската Серија А со 3:2 победа на гости кај Џенова на Горан Пандев, за да се врати на еден поен зад лидерот Јувентус по половичното коло во италијанскиот шампионат поради корона вирусот и одложувањето на повеќе мечеви.
Мечот на „Луиџи Ферарис“ започна шокантно за домаќините, откако Црногорецот Адам Марушиќ уште во втората минута постигна гол за водство. Чиро Имобиле ја продолжи голгетерската серија во 51. минута да зголеми на 2:0 со својот 27. гол оваа сезона, но Франческо Касата само шест минути подоцна намали на 1:2 за малку надеж за Грифоне.
Сепак, Данило Каталди во 71. минута повторно врати два гола предност за „бјанкочелестите“, пред во 90. минута Доменико Кришито од пенал да ги постави конечните 2:3.
Лацио е втор на табелата со 59 поени, еден помалку од Јувентус и пет пред Интер, кој има натпревар помалку, додека Џенова се во зоната за испаѓање на 18. место со 22 поени, еден помалку од градскиот ривал Сампдорија.