Top Sport

Пандев вечерва последен пат ќе игра за Македонија – Ристовски не може да ги задржи солзите

Горан Пандев, 20 години по дебито со Турција, вечерва на стадионот што го носи името на легендарниот Јохан Кројф, ќе го одиграа последниот 122 натпревар за Македонија. На претходните 121 натпревари, Гранде Пандев, има постигнато 38 голови. Тој е апсолутен рекордер на Македонија во овие категории.

Голот на Пандев, во Тбилиси, ја однесе Македонија за прв пат на едно големо натпреварување, некако беше логично тој да биде и стрелец на првиот гол на големите натпреварувања.

Македонија, ги загуби првите два натпревари на ЕУРО 2020, но се претстави во одлично светло. Вечерва, во Амстердам, ќе го одигра последниот меч на првенството. Натпреварот ќе биде последен за Горан Пандев. Холандија е светска сила, Пандев заслужи против едена ваква репрезентација да каже збогум.

Одлуката на Пандев да се збогува со репрезентативиот дрес, тешко им падна на помладите колеги. Стефан Ристовски не можеше да ги сокрие солзите, Пандев беше тука до него да го утеши.

Фото/ФФМ

Scroll to Top