Top Sport

Пандев за малку од херој до трагичар – гол, пенал, па црвен картон (видео)

Џенова пропушти да забележи важна победа на гостувањето кај Лече во меч во кој македонскиот капитен Горан Пандев имаше главна улога, одигрувајќи на крајот само 2:2.

Пандев беше клучниот човек за водството од 2:0 кое го имаа Грифоне на полувреме, откако прво во 31. минута постигна навистина магичен гол од над 30 метри далечина, а потоа во судиското продолжение на првото полувреме над него беше направен пенал, кој Доменико Кришито го претвори во 0:2 водство.

Сепак, второто полувреме не одеше според планот на тренерот Тијаго Мота. Филипо Фалко во 60. минута успеа да намали на 1:2, пред во 69. минута Кевин Агудело да го добие вториот жолт картон и да ги остави Џенова со 10 играчи. Казната дојде веднаш, откако Андреа Табанели веќе во следната минута израмни на 2:2.

Потоа, Пандев успеа да добие два жолти картони за само четири минути (73. и 77. минута), оставајќи ги Џенова во тешка позиција да се одбранат во последните 15-тина минути со само 9 играчи на теренот. Уште позначајно, тој нема да биде достапен за „Дерби дела лантерна“, градското дерби со Сампдорија.

Лече со поенот е на 14. место на табелата во Серија со 15 поени, додека Џенова уште е во зоната за испаѓање на 18. место со 11 поени, откако во последните пет меча, трипати одиграа нерешено.

Il Genio! Пандев уште еднаш покажа каков мајстор е со прекрасен гол! (видео)

Scroll to Top