Top Sport

Вардар пропушти шанса да избега на Шкендија, 2:2 во големото дерби

Вардар повторно не успеа да ја победи Шкендија и да избега на двоцифрена разлика пред големиот ривал, откако големото дерби во 18. коло на Првата лига заврши 2:2 во меч во кој тетовци двапати се враќаа од негатива.

На „Тодор Проески“, есенскиот шампион дојде во водство во 20. минута со гол од пенал на Дарко Мицевски, но само шест минути подоцна актуелниот шампион израмни преку Имери. Вардар повторно дојде во водство преку Али Адем во 54. минута од мечот, но Незири во 63. минута пак израмни. Вардар останува лидер со 36 поени, осум пред Шкендија и девет пред Академија Пандев и Силекс.

Во дербито на дното, Ренова губеше со 1:3 по час игра, но на крајот успеа да направи пресврт и да стигне до 4:3 победа, додека Македонија ЃП ги потврди амбициите за висок пласман со 3:2 победа кај Шкупи. Новите прволигаши Струга и Борец одиграа 1:1.

ПРВА ЛИГА, 18.КОЛО

Вардар – Шкендија 2:2

Ренова – Работнички 4:3

Шкупи – Македонија Ѓорче Петров 2:3

Струга – Борец 1:1

Табела: 1.Вардар 36, 2.Шкендија 28, 3.Академија Пандев 27, 4.Силекс 27, 5.Македонија ЃП 26, 6.Струга 24, 7.Шкупи 22, 8.Борец 20, 9.Ренова 19, 10.Работнички 15

Фото: ФК Шкендија

Scroll to Top