Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев во интервју за МТВ пред стартот на Европското првенство, вели дека сите во тимот се подготвени да го дадат мојот максимум и дека знаат дека навивачите се зад нив.
„Атмосферата кај нас е одлична, едвај го чекаме првиот натпревар. Сонот е остварен и недела ќе биде ден за уживање. Сакаме добар стартн а ЕП против Австрија и позитивен резултат. Сега играме со сите на највисоко ниво, нешто што ни недостасуваше во минатото. Имаме победнички менталитет, знаеме што можеме да направиме и сакаме резултати. Сите сакаме да ја поминеме групата, знаеме дека тоа ќе биде голем успех за нас. Знаеме дека сите македонски фанови живеат за нас“, вели Пандев.
Фото: ФФМ