Top Sport

Паника во Англија, Кејн е повреден

Капитенот на Англија, Хари Кејн, поради повреда на скочниот зглоб би можел да го пропушти натпреварот против САД, во второто коло од групата Б на Светското првенство во Катар.

Кејн се повреди пред два дена на натпреварот од првото коло на Мундијалот против Иран (6:2), на кој забележа две асистенции.

На капитенот на англиската репрезентација му беа извршени дополнителни прегледи, но вистинскиот степен на повредата ќе биде познат по снимањето. Англиските медиуми пишуваат дека во текот на денот ќе биде познато дали Кејн ќе игра во петок против САД.

Последниот натпревар во групата Б, Англија ќе го одигра на 29. ноември против Велс.

Scroll to Top