Top Sport

Анџелика Митрашиновиќ потпиша за најдобриот клуб во Словачка

Анџелика Митрашиновиќ е нов играч на најдобриот женски кошаркарски колектив во Словачка, Плештанске Чајки.

Капитенот на нашата женска сениорска репрезентација се согласи на едногодишна соработка со актуелниот шампион на Словачка

„Слушнав само добри работи за Пjeштaнски Чајки. Ми кажаа и за тоа дека имаат одлични навивачи. Затоа решив да дојдам во оваа средина, со толку добра атмосфера и капацитети. Се надевам дека ќе успееме да ја освоиме шампионската титула и повторно да биде освоен и словачкиот Куп. Во Еврокупот очекувам да постигнеме добри резултати“, изјави Митрашиновиќ.

Искуството и лидерството на Митрашиновиќ се знак за тренерот дека ќе биде значајно заилување.

„Таа доаѓа како една од замените за играчите кои си заминуваат. Верувам дека ќе го покаже својот потенцијал кој го докажа во АБА лигата и во француската лига. Таа е играч кој може да постигне кош. Со одличен увид во играта. Таа е веќе искусна, па и јас верувам во нејзиното искуство и со нетрпение очекувам да работам со неа. Сите се надеваме дека таа ќе биде предност за овој тим“, изјави тренерот на Плештанске Чајки, Петер Јанковиќ.

Scroll to Top