Српскиот фудбалски гигант Партизан се закани со можно излегување од Суперлигата откако во петокот беа приморани да одиграат меч од домашното првенство против Мачва (0:0).
Од Партизан инсистираа дека поради снегот нема услови за игра, но директорот на лигата, Владимир Булатовиќ „наредил“ натпреварот да се одигра, а во исто време одложи голем број на мечеви, како тие Чукарички-Црвена звезда и Спартак-Вождовац.
„Сметаме дека е прекршен правилникот за натпреварување и ќе се жалиме и ќе побараме повторување на натпреварот. Ако бидеме одбиени ќе размислиме што понатаму. Но, не сме далеку од одлуката да си заминеме од Суперлигата“, изјави потпретседателот на клубот, Владимир Вулетиќ за „Б92“.