Легендата на светкиот фудбал, Пеле ги демантираше изјавите на неговиот син Едињо дека станал депресивен поради тоа што има ограничена подвижност поради проблемите со колкот.
Во февруари, неговиот син Едињо тврдеше дека 79-годишниот Пеле не сакал да излезе од својот дом поради слабата подвижност и дека тоа придонело тој да стане депресивен. Пеле вели дека работата е „измислена“.
„Работата со депресијата, мислам дека имаше многу недоразбирања. Да, имав неколку повреди во последните години, бев на операција која ме спречуваше да се појавувам во јавност. Луѓето беа загрижени и им благодарам на тоа. Но, тогаш дојде таа измислена приказна дека сум во депресија. Да, на ова интервју дојдов со помош, но добар сум. Секако, не можам да возам велосипед, но добар сум. Не зборувам глупости“, изјави Пеле во интервју за „Си-Ен-Ен Бразил“.
Освојувачот на три Светски шампионати во блескават кариера, вели дека никогаш не верувал дека ќе има таква кариера/
„Никогаш не помислував дека ќе станам ѕвезда. Кога Сантос ме зема од БАЦ на 13 или 14 години, мислев дека е шега. Тоа ми изгледаше како нешто од друг свет кога татко ми ме однесе со автобус на тренинг, а сега фудбалерите со приватни авиони одат на тренинг“, додава Пеле.
EXCLUSIVO: ‘Nunca pensei que ia ser grande’, diz Pelé em entrevista exclusiva à CNN. Assista na íntegra: https://t.co/nunfGT2Wp1 pic.twitter.com/WbjHVpGk2U
— CNN Brasil (@CNNBrasil) March 18, 2020