Пелистер и Победа ќе имаат тешка задача да изборат опстанок во Првата лига, откако регионалното дерби заврши 1:1 за да останат на осмото и деветтото место на табелата.
Под „Тумбе кафе“, Победа прва дојде во водство преку Даноски, а потоа имаше шанса да ја обезбеди победата кога беше досуден пенал, кој сепак не го реализираа. Трифуновски погоди во 83. минута за бод за Пелистер.
За да се искомпликува борбата за опстанокот се потруди и Скопје, кои по фантастичната пролетна низа одиграа 1:1 со Силекс и остануваат на последното место со 25 поени. Пелистер има исто толку со подобра гол разлика, а Победа има 26.
Шкупи по лошата низа на стартот на пролетната полусезона стигна до импресивна 2:1 победа на гостувањето кај Академија Пандев, откако струмичани го „губат здивот“ во финишот на шампионатот. Ренова по двата порази од Шкендија (еден во првенството и еден во купот), се вратија на победите со 2:1 победа над Работнички.
ПМФЛ, 28.КОЛО
Вардар – Шкендија 2:3
Академија Пандев – Шкупи 1:2
Скопје – Силекс 1:1
Пелистер – Победа 1:1
Ренова – Работнички 2:1
ТАБЕЛА: 1.Шкендија 72, 2.Вардар 49, 3.Силекс 42, 4.Работнички 35, 5.Ренова 34, 6.Шкупи 33, 7.Академија Пандев 32, 8.Победа 26, 9.Пелистер 25, 10.Скопје 25.