Македонскиот второлигаш Пелистер доведе две прволигашки засилувања како најава дека клубот од Битола сака експресно да се врати во фудбалската елита на Македонија.
Благоја Љамчевски се врати во Пелистер, а доаѓа од редовите на прволигашот Тиквеш. Тој во Првата лига настапува од 2008 година.
Второто засилување е голманот Илче Петровски кој доаѓа од редовите на прволигашот Брегалница.