Top Sport

Пелистер со две прволигашки засилувања: Благоја Љамчевски и Илче Петровски се вратија во Битола

Македонскиот второлигаш Пелистер доведе две прволигашки засилувања како најава дека клубот од Битола сака експресно да се врати во фудбалската елита на Македонија.

Благоја Љамчевски се врати во Пелистер, а доаѓа од редовите на прволигашот Тиквеш. Тој во Првата лига настапува од 2008 година.

Второто засилување е голманот Илче Петровски кој доаѓа од редовите на прволигашот Брегалница.

Scroll to Top