Top Sport

„Пенал за Барса немаше, Суарез направи фаул во напад“

Пеналот со кој Барселона го отвори резултатот против Лион, во 18 минута, на синоќешниот осмина-финален реванш во Лигата на шампионите, не требало да биде досуден.

Полјакот Симон Марчињак, дуелот на Џејсон Денајер од Лион и Луис Суарез од Барселона го окарактеризира како пенал, а поради технички проблем со ВАР-технологијата, тој немал можност да ја прегледа спорната ситуација.

Поради тоа тој решил да остане при својата одлука, Меси го изведе пеналот и погоди за 1.0.

Поранешниот шпански судија Итуралде Гонзалес тврди дека пенал немало, туку дека Суарез направил прекршок врз дефанзивецот на Лион.

„Според мене тоа не е пенал. Суарез иницираше контакт со дефанзивецот. Го стапна и потоа падна. Тоа е фаул во напад“, рекол за „АС“, Гонзалес.

По мечот се огласил и Луис Суарес: „Мислам дека ненамерно го згазнав, тоа ме исфрли од рамнотежа и паднав“.

Барселона на крајот победи со 5:1 и се пласираше во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Scroll to Top