Top Sport

Пеп Гвардиола избран за менаџер на годината во Англија

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е избран за менаџер на годината во Англија, од Здружението на менаџери на Лигата (ЛМА). Тој заслужено го доби признанието откако го одведе Манчестер Сити до нов шампионски трофеј во најдобрата англиска лига.

Манчестер Сити има шанса да стигне и до тројна круна оваа сезона.

Конкуренција на Гвардиола му беа Артета од Арсенал, Де Зерби од Брајтон, Хоуви од Њукасл, Компани од Барнли и Шумахер од Плимут.

Scroll to Top