Фудбалерите на Арсенал ставија крај на лошата серија со победата над Манчестер Јунајтед 2:1. Вечерашната победа и прва за новиот тренер Микел Артета, кој на претходните два натпревари освои само еден бод.
Добрата игра во првото полувреме, во кое ги надиграа своите ривали, им беше доволно на фудбалерите на Арсенал да ја забележат шестата победа сезонава во Премиер лигата.
Резултатот го отвори најскапиот играч во историјата на Арсенал, Николас Пепе. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска го совлада Де Хеа во осмата минута.
Голот им даде дополнителна сила на избраниците на Артета кои константно го притискаа противникот. Пепе имаше можност да го постигне и вториот гол меѓутоа неговиот удар заврши во дирекот.
Предноста Арсенал ја дуплираше во финишот на полувремето. Во 43 минута Сократис најдобро се снајде пред голот на Јунајтед и од пет метри ја закова топката во мрежата.
Слично како и на мечот со Челси пред неколку дена, Арсенал во вториот дел им ја препушти играта на Јунајтед, а се закануваше преку контранападите.
Иако го имаа поседот во вториот дел и упатија повеќе удари кон голот на Арсенал, играчите на Јунајтед не створија сериозна шанса за гол.
По ова коло Јунајтед останаа на петтото место со 31 поен, додека Арсенал скоканаа на десеттото место со 27 бода.