Италијанската полиција потврди дека еден навивач на Верона (кој не е именуван), ќе има петгодишна забрана за пристап на сите спортски натпреварувања во Италија и во Европската Унија откако го навредуваше на расна основа фудбалерот на Бреша, Марио Балотели.
Иако не е именуван, италијанските медиуми тврдат дека се работи за 38-годишен човек од Агриџенто, кој на 3 ноември правел мајмунски гестикулации кон Балотели, кој потоа луто реагираше и се закани дека ќе го напушти мечот, кој заврши со 2:1 пораз за Бреша.
Серија А ги казни Верона со еден меч без публика, додека клубот на нивниот водач на Ултрасите им даде 11-годишна суспензија за пристап на мечевите на Верона.
Балотели по инцидентот изјави дека најмногу се налутил бидејќи неговата ќерка го гледала мечот на ТВ.
„Не ја обвинив Верона, не ги обвинив навивачите, туку само неколку идиоти кои го направија тоа. Ги слушнав. Ако не реагирам ништо нема да се направи. Интересни се нивните извици, но ако саскате да му попречите на фудбалерот можете тоа да го направите на илјада други начини“, изјави Балотели.
Балотели сакаше да замине од теренот откако добиваше расистички навреди (видео)