Top Sport

Петицијата „50+1“ доби 100.000 поддржувачи, британската влада мора да расправа!

Петицијата за во англискиот фудбал да се воведе бундеслигашкото „50+1“ правило за сопственост на клубовите собра 100.000 потписи, што според британските закони значи дека владата мора да разговара за петицијата во британскиот парламент.

„50+1“ правилото, според кое во Германија сите клубови мораат да имаат мнозинство сопственост на фановите (односно членовите на клубот), стана атрактивно во Англија по фијаското со Европската Суперлига и бунтот на навивачите против богатите газди. Ова ги натера Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер сити, Тотенхем и Манчестер јунајтед да се повлечат од Суперлигата.

Фановите на Манчестер јунајтед подолго време бараат отстранување на семејството Глејзер од сопственичката структура, а сличен бунт има и во Арсенал против Стен Кренке.

Од друга страна, „50+1“ правилото не е совршено и многумина посочуваат кон примерот на РБ Лајпциг, каде што членството на тимот е ограничено и повеќето членови се вработени во гигантот „Ред бул“.

Англичаните ќе размислат за воведување на германскиот „50+1“ систем во фудбалот

Scroll to Top