Top Sport

Италијански тенисер се закануваше дека ќе го убие судијата

Италијанскиот млад тенисер Џулио Цепјери го очекува строга казна откако на челенџ турнирот во Рим влезе во вербална расправија со судијата на столче, по што се закани дека ќе го убие.

Цепјери загуби со 6:0/6:3 од Аргентинецот Хуан Мануел Керундоло во четврт-финалето на турнирот, и очигледно исфрустриран од поразот реши бесот да го искали на судијата на столче.

„Застани, застани. Нема да те сфатам лично, но мораш да размислиш пред да кажеш нешто“, му порача судијата.

„Сакаш да се расправаш? Излези на терен и ќе те убијам! Излези ако имаш мадиња“, му одговори 19-годишниот Цепјери.

АТП сигурно ќе го казни талентот.

Scroll to Top