Петмина играчи ќе го напуштат Јувентус во летниот преоден рок, пишува весникот „Кориере дело Спорт“. Неуспешниот обид да се освои Лигата на шампионите ќе ги натера клупските челници да тргнат во реконструкција на тимот.
Први на списокот што треба да заминат се Бразилците Алекс Сандро и Даглас Коста, односно Миралем Пјаниќ, Марио Манџукиќ и Хуан Квадрадо.
Бразилските репрезентативци се поврзуваат со трансфери во Премиер лигата, интерес за нив има кај Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Челси. Манџукиќ кариерата би можел да ја продолжи во Кина, а Пјаниќ се поврзува со Реал Мадрид.
Весникот пишува дека неизвесна е и судбината на Паоло Дибала. Наводно Аргентинецот не сака да остане во Јувентус доколку Масимилајно Алегри ја задржи тренерската функција.