Top Sport

Петта победа за Бетис во Ла Лига

Бетис стигна до нова победа, вкупно петта во Ла Лига од стартот на сезоната, откако на домашен терен ја совлада Џирона со 2:1.  Тимот од Севилја сега има 15 бода и се израмни со Реал Мадрид, кој вечерва го игра градското дерби со Атлетико.

Борха Иглесијас беше стрелец на двата гола за тимот на Бетис.

Реал Сосиедад исто така со 2:1 славеше дома против Еспањол. Сите три гола беа постигнати во првиот дел. Сорлот донесе водство за Реал Сосиедад, но само две минути подоцна израмни Експозито. Сепак, Браис Мендес го постигна голот за три бода за домашниот тим.

Scroll to Top