Жерард Пике вели дека гестот кој го направил кон навивачите на Реал Мадрид при 1:0 победата на „Сантијаго Бернабеу“ била за да се „вжешти“ атмосферата во моменти кога натпреварот за малку ќе излезеше надвор од контрола.
Со голот на Иван Ракитиќ, Барса направи предност од 12 поени пред Реал во Ла лига само три дена откако ги победија со 3:0 во меч од Копа дел реј. По половина час игра, Серхио Рамос го „закачи“ Лионел Меси по лице и не бешеказнет, и Пике сметаше дека се работи за намерен гест.
Пред заминувањето на полувреме, Пике им гестикулираше на домашните навивачи, посочувајќи дека тие постојано се жалат на судиите и на ВАР системот, но повеќето одлуки се во нивна корист.
Grande @3gerardpique pic.twitter.com/VPWzoTcjAe
— Ingrid Romero (@irom997) March 3, 2019
„Лео имаше крв на устата. Тоа беше агресивен гест за црвен картон. Со тоа што им го покажав кажав дека само зборуваат, а работите одат во нивна корист. Не жалам, бидејќи така се чувствував во моментот. Сакам кога атмосферата е вжештена и гестот беше тука да ја направи ситуацијата пожешка“, изјави Пике.
Првпат по 87 години, Барселона има предност во „Ел класико“ против Реал. Каталонците сега имаат 96 победи, а клубот од Мадрид 95, а имаше и 51 реми.
„Резултатите покажуваат дека сме добри тука. Сакам да доаѓам на Бернабеу, затоа сум професионалец да играм на ваква атмосфера. Тешко е да се мотивираш за други натпревари, не за овој“, вели Пике.