Џордан Пикфорд, голманот на Евертон и англиски репрезентативец, заработи повреда на препоните која ќе го спречи да настапи за националниот тим на натпреварите од Лигата на нации против Италија и Германија.
Пикфорд се повреди минатиот викенд за време на дербито на „Мерсисајд“ против Ливерпул (0-0).
Покрај тоа што нема да може да игра за репрезентацијата, Пикфорд ќе го пропушти и гостувањето на Евертон кај Арсенал, како и натпреварот против Вест Хем една недела подоцна.
Од Евертон по деталните прегледи претпоставуваат дека тој ќе може да се врати дури по репрезентативната пауза.
На 23 септември Англија гостува во Италија, а три дена подоцна на „Вембли“ ќе ја пречека Германија.