Top Sport

Тухел: Баерн е голем предизвик за мене, а одговорноста е огромна

Новиот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел, денеска ја имаше и официјалната промоција. Тој доаѓа на местото на Јулијан Нагелсман и потпиша договор до летото 2025 година.
„Чест е да се добие покана од Баерн Минхен. Вчера, кога го потпишав договорот во клупската канцеларија, видов дека тука е нешто многу посебно“, истакна Тухел.

„Во ДНК на овој клуб е само да се победува и да се игра добар фудбал. Сегашниот состав е еден од најталентираните во Европа, со кој може да се борите за сите трофеи и да ги освоите. Тој е доволно квалитетен за да ја освои титулата и во Премиерлигата. Едвај чекам да почнам да работам со овие играчи“, продолжи тој.

Тухел смета дека Баерн Минхен е еден од најголемите клубови во светот.

„Одговорноста е голема. Имам и лична причина да работам во Баерн Минхен бидејќи тоа ме зближува со семејството. Има многу причини и затоа брзо реков – „да“. Тоа беше најдобриот избор за мене. Кога сте работеле некое време надвор од Германија, тогаш уште повеќе сфаќате колку е важен Баерн Минхен. Ова е еден од најголемите клубови во светот. Признавам дека тоа што се случи беше изненадувачки за мене. Очекував кариерата да ја продолжам во странство. Моето прво интервју со клубот беше во вторникот вечерта. Голем е предизвикот и тоа беше главната причина која ме натера да ја прифатам понудата“, истакна Томас Тухел.

Тој од утре ќе почне да работи со тимот, а дебито ќе го има на дербито против Борусија Дортмунд в сабота на „Алијанц арена“.

Scroll to Top