Top Sport

Жанг: Једржејчик плачеше со часови во болницата

УФЦ Шампионката Жанг Веили открива дека нејзината противничка во „најбруталниот УФЦ дуел во 2020“, Џоана Једржејчик плачела со часови во болницата каде што завршија заедно по УФЦ 248, но исто така ја пофали Полјачката дека е „вистински воин“.

Жанг ја совлада поранешната шампионка во сламка категорија Једржејчик во брутални пет рунди во Лас Вегас на 7 март, победувајќи на поени. Двете добија сериозни повреди по што добија и медицинска суспензија од месец дена, но Једржејчик страдаше повеќе со огромни отоци на главата.

Жанг вели дека и било многу жал за расплаканата ривалка.

„По мечот, јас и Џоана пристигнавме во болницата во исто време и меѓу нас имаше само завеса. Таа плачеше со часови и мене ми беше навистина многу жал. Сакав да ја утешам, но тука беше јазичната бариера и само можев да и кажам: ’Добра работа, ти си многу добра’. Бев многу тажна иако таа пред мечот покажуваше непочитување кон мене“, вели Жанг.

Жанг, која сега има низа од 20 победи, вели дека ривалката била „вистински воин“.

„Кога таа излезе од болницата, јас уште чекав некои резултати и дојде и ми кажа: ’Продолжи да ја браниш титулата, а јас сум тука. Ќе биде потешко’. Почувствував дека така треба да се однесува еден воин“, вели Жанг.

Једржејчик, пак, откри дека ќе оди на операција во Полска, но посочи дека отокот на главата е многу подобар и дека не се работи за ништо несериозно. Таа изјави дека е подготвена за ри-меч.

„Секако, повторно на рокенрол. Да танцуваме“, изјави Једржејчик за „ТМЗ“.

Једржејчик и Жанг добија медицински суспензии по најбруталната УФЦ борба (видео)

Scroll to Top