Top Sport

Пирло во 24 часа се ожени и влезе во Куќата на славните!

Последните 24 часа беа фантастични за поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, кој прво во саботата се ожени со својата долгогодишна партерка Валентина Балдини, за денеска да влезе во Куќата на славните на италијанскиот фудбал.

Легендата на Милан и Јувентус, се ожени со Балдини, со која е во врска повеќе од осум години по разводот од првата сопруга, во церемонија на која присуствуваа повеќе негови поранешни соиграчи, како Игнацио Абате и Масимо Амброзини.

Помалку од 24 часа подоцна, тој влезе во Куќата на славните на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ). Тој беше именуван како член на Куќата на славните во февруари 2020, но поради пандемијата на КОВИД, ќе ја добие својата награда во мај, кога ќе се отвори „крило“ во музејот на калчото во Коверчано во негова чест.

„Не знам што ќе однесам таму. Ќе изберам помеѓу дрес, топка или други работи кои ги имам по дома“, вели Пирло, кој ќе се прикчлучи на своите поранешни соиграчи Алесандро дел Пјеро, Франческо Тоти, Алесандро Неста, но и на своите тренери Антонио Конте и Карло Мацоне во Куќата на славните.

Scroll to Top