Top Sport

Питер Крауч во „Гинисовата книга на рекорди“

Напаѓачот на Стоук, Питер Крауч влезе во „Гинисовата книга на рекорди“, но не како највисок фудбалер на светот. 36-годишниот ветеран ја заслужи оваа чест по бројот на голови постигнати во глава во Премиерлигата – дури 51, со што го помина легендарниот Алан Ширер, кој имаше 46.

„Чувството е добро да се има било каков рекорд, посебно во Премиерлигата. Но, ова покажува како работите се менуваат. Ги гледам напаѓачите како стојат надвор од шестнаесетникот и не ми се верува. Ако си напаѓач, треба да си внатре и да си подготвен за топката“, оцени Крауч.

Покрај него во најновата „Гинисова книга“ се најде место и за Кристијан Бентеке (најбрз гол во квалификации за СП – 8.1 секунди против Гибралтар), неизбежниот Кристијано Роналдо (поради постигнати голови на четири различни Европски првенства), и германскиот селектор Јоаким Лев, со најголем број на победи како селектор со една репрезентација.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top