Top Sport

Чикаго Булс во ерата на Џордан – најдобра династија во историјата на НБА

Екипата на Чикаго Булс која од 1995 до 1998 година трипати беше НБА шампион е прогласена за најдобра династија во историјата на лигата.

Во гласањето на европските новинари, влијателни и познати личности и навивачи одлучено е дека немало подобри од оние кошаркари кои ги предводеше феноменалниот Мајкл Џордан.

„Биковите“ тогаш стигнаа до триплета, втора во историјата на клубот, но овојпат творците беа тренерот Фил Џексон, но и Џордан, Пипен, Родман…

Во сезоната 1995/96 го поставија тогашниот рекорд со 72 победи и само 10 порази. Тој беше на сила се до 2016 година кога Голден Стејт не стигна до 73 победи и само 9 порази.

Стартната петорка на оваа славна генерација кошаркари ја сочинуваа: Џордан, Пипен, Харпер, Кукоч и Родман.

Ова се резултатите од гласањето:

1. 1995-1998 Чикаго Булс 46%
2. 1958-1969 Бостон Селтикс 24%
3. 2015-2018 Голден Стејт Вориорс 15%
4. 1979-1989 Лос Анџелес Лејкерс 12%
5. 1980-1987 Бостон Селтикс 3%

Scroll to Top