Шпанска Барселона сака да заработи од продажбата на босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ, но се чини нема да оди лесно, пишуваат доброупатените шпански медиуми. Заинтересирани тимови за него има малку, а цената е висока – Каталонците ќе бараат над 45 милиони евра.
Фудбалерот од средината на теренот за 60 милиони евра од Јувентус летоска премина на „Ноу Камп“.
Барса се наоѓа во сериозни долгови, а за наредново лето тимот предводен од Роналд Куман, на чело со старо-новиот претседател Жаон Лапорта има големи амбиции.
На листата на желби се Тијаго Алкантара, Кун Агуеро, па дури и Ерлинг Халанд, за кого заинтересиран е и Реал Мадрид.
Ако Барса го продаде Пјаниќ за помалку од 45 милиони, тогаш загубата ќе е над 15 милиони евра, а тоа во официјалната книга ќе се смета како губиток за наредните 3 сезони што за шпанскиот тим ќе направи повеќегодишен проблем кога станува збор за фер-плејот.
Пјаниќ сезонава одигра 28 меча со вкупно 1.275 минути, што ќе каже дека се на се одиграл 14 меча од по 90 минути.
На последните 5 меча не заигра ниту минута.
Според „Трансфермаркт“ Пјаниќ денес чини дури 22 милиони евра помалку за разлика од претходното лето.