Top Sport

ПМФЛ: Шкендија повторно не победи, „Академците“ на првото место

Актуелниот македонски шампион Шкендија и во третото коло во Првата лига не успеа да стигне до победа, откако одигра само 1:1 со Македонија Ѓорче Петров, додека Академија Пандев е нов лидер во Лигата по 2:0 победата на Борец и 2:2 ремито на Ренова кај Шкупи.

Македонија Ѓорче Петров први дојдоа во водство во Тетово, откако Раду во 38. минута стрелаше за гостите, пред Бејтулаи само три минути подоцна да израмни на 1:1. И покрај подобрата игра, шампионот не успеа да ги впише првите три поени во сезоната, и останува на претпоследното место на табелата со само 1 поен, колку што има и новиот прволигаш Борец.

Најинтересно беше во Чаир, каде што Шкупи и Ренова одиграа реми со четири голови (2:2). Јурина ги донесе Шкупи во водство, пред Ремзи Селмани со два гола да направи пресврт за водство на гостите од 1:2, пред во 90. минута, Јурина да обезбеди реми.

Новиот прволигаш Струга пак, ја забележа и втората победа во новата сезона, откако со 2:1 беа подобри од Силекс.

ПРВА ЛИГА, 3.КОЛО

Академија Пандев – Борец 2:0

Шкендија – Македонија Ѓорче Петров 1:1

Шкупи – Ренова 2:2

Струга Трим Љум – Силекс 2:1

Табела: 1.Академија Пандев 7, 2. Ренова 7, 3.Струга 6, 4.Македонија ЃП 5, 5.Шкупи 4, 6.Вардар 4, 7.Работнички 3, 8.Силекс 3, 9.Шкендија 1, 10.Борец 1.

Фото: ФК Шкендија

Scroll to Top