Жозе Мурињо не можеше да најде ниту една добра вест за Манчестер јунајтед по 4:1 поразот од Ливерпул во мечот од Интернационалниот куп на шампиони (ИЦЦ) во Мичиген, каде што покрај понижувањето од вечниот ривал, беше потврдено дека Немања Матиќ ќе го пропушти стартот на сезоната.
Матиќ се повредил при настапите за Србија на СП во Русија и веќе бил на операција во Филаделфија, иако Мурињо не потврди за каква точно повреда се работи.
Пред 100.000 во Ен Ербор, Мичиген, Јунајтед беше „потопен“ од Ливерпул, одбележано со фантастичниот гол со ножички на Џердан Шаќири. Садио Мане донесе водство за Ливерпул по 30-тина минути игра, пред Андреас Переира да израмни со одличен гол до слободен удар. Даниел Стариџ во 66. минута пак донесе водство за Ливерпул, пред Шеји Оџо со втор гол од пенал да донесе 3:1 водство. На крајот дојде најдоброто, маестралниот гол на Шаќири.
По поразот, Мурињо призна дека не би платил билет да го гледа овој Јунајтед.
„Атмосферата беше добра, но јас не би дошол и не би трошел пари да ги гледам овие тимови. Ги гледав Челси и Интер, и мислма дека подобро е да се оди на плажа“, вели Мурињо.