Top Sport

По лошиот меч, расистички напади кон Упамекано на социјалните мрежи

Баерн Минхен преку соопштение му дадоа поддршка на дефанзивецот Дајот Упамекано, кој беше предмет на расистички напади на социјалните мрежи по 3:0 поразот од Манчестер сити во првиот меч од четврт-финалето во Лигата на шампиони.

Упамекано немаше најдобар меч против „граѓаните“, тешко справувајќи се со нападот на тимот на Пеп Гвардиола, и ова беше причина да добие серија навредливи коментари на социјалните мрежи.

„Сите во Баерн го осудуваме расизмот на најсилен можен начин. Целиот клуб е зад тебе, Упа!“, напишаа од Баерн.

Ова само покажува дека проблемите со расизмот во фудбалот се далеку од надминати, откако неодамна напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку доби расистички извици од навивачите на Јувентус во меч од Копа Италија.

Scroll to Top