Португалија во средата го совлада Израел со 4:0 во последниот тест пред ЕУРО 2020, а Кристијано Роналдо можеше да се пофали со својот 104. интернационален гол, но голем број на фанови беа зачудени од катастрофалниот слободен удар кој го упати асот на Јувентус.
Ова не е првпат на Роналдо да му се смеат за катастрофалната форма со слободните удари, откако статистиката покажа дека постигнал само еден гол од 72 обиди од слободен удар откако се пресели во Јувентус во 2018 година. Од 2009 до 2018 година, Португалецот постигна 33 гола од 444 обиди за Реал Мадрид.
This free kick from Ronaldo be too top ??
— KELEWELE JOINT ? (@ANKAMAGYIMI__) June 9, 2021
Роналдо го скрши малерот, постигна гол од слободен удар (Видео)