Top Sport

Канело Алварез му се извини на Меси и на Аргентинците

Еден од најдобрите боксери на денешницата, Мексиканецот Саул „Канело“ Алаварез преку социјалните мрежи му се извини на Лионел Меси и на сите Аргентинци, откако претходно се закани дека ќе го „тепа“ Меси за наводното газење на мексиканскиот дрес.

По победата над Аргентина, се појави снимка од соблекувалната на Аргентина, а пред Меси беше дресот на мексиканскиот капитен Андрес Гвардадо, и при славењето, Меси го поттурна со своите нозе. Канело ова го сфати како непочитување кон Мексико и преку Твитер прати порака дека на Меси му е „подобро да не го сретне“. По ова многу од Мексиканците, вклучувајќи го и Гвардадо застанаа на страна на Меси, објаснувајќи дека во фудбалските соблекувални дресовите секогаш се на подот пред да ги носат на перење. Гвардадо, кој беше ривал на Меси додека двајцата играа во Шпанија, исто така посочи дека го познава Меси и дека тој никогаш не би направил таков гест на недостаток на респект кон ривалот.

По сите овие пораки, Канело се јави на Твитер.

„Последните денови се занесов од страста и љубовта која ја чувствувам за мојата земја и коментирав работи кои не беа на место, за што се извинувм на Меси и на луѓето од Аргентина. Секој ден учиме нешто ново, и овојпат беше мој ред да научам“, напиша Канело.

Гвардадо контра Канело за заканата кон Меси: Молчи, кога не знаеш што се случува во соблекувалната

Scroll to Top