Top Sport

Почина легендарниот фудбалер на Партизан и Југославија, беше дел од славната генерација

Поранешниот ас на Партизан, Мустафа Хасанагиќ почина на 82-годишна возраст, соопшти клубот утрово.

„Со тага ја примивме веста дека утрово не напушти великанот на југословенскиот фудбал, член на „Бебињата на Партизан“ и легендарен напаѓач на најдобрата генерација на Партизан – Мустафа Хасанагиќ. ФК Партизан изразува искрена болка и сочувство до семејството и пријателите“, соопшти Партизан.

Хасанагиќ е роден во април 1941 година во Прибој и е одговорен за некои од најпознатите моменти во историјата на Партизан.

Најпрво беше асистент на голот на Велибор Васовиќ против Реал Мадрид во финалето на Купот на европските шампиони во 1966 година, кога „кралскиот клуб“ сепак успеа да надвладее.

Хасанагиќ најголемиот дел од својата кариера му ја посвети на Партизан, иако ја започна во Прибој ФАП. Од 1961 до 1969 година беше член на клубот од Хумска каде на вкупно 337 натпревари постигна 355 голови.

Со Партизан го освои првенството на Југославија во 1962, 1963 и 1965 година.

 

 

Scroll to Top