Легендарниот поранешен фудбалер, тренер и спортски директор на Хајдук, Петар Надовеза по долго боледување почина на 81 години, потврди клубот од Сплит.
Поранешниот напаѓач 10 години беше фудбалер на Хајдук, четири пати беше тренер на тимот, последен пат во шампионската сезона 2003/04. Тој пристигна во Сплит од Шибеник во 1963 година и трипати го освојуваше Купот на Југославија, а во 1971 година стана шампион со Хајдук. Тој двапати беше најдобар стрелец во Југославија во 1966 и 1971 година.
Тој имаше само еден настап за репрезентацијата на Југославија, а како тренер на „билите“ го освои Купот на Југославија во 1984 година, Хрватскиот куп во 2000 и претпоследната шампионска титула на Хајдук во 2004.
Preminuo Petar Nadoveza • https://t.co/akBJ40gNUh #Hajduk pic.twitter.com/fiA3CZpQLi
— HNK Hajduk Split (@hajduk) March 19, 2023